Вести
Мисајловски на увид во градежните работи во касарната Гоце Делчев
Активно се работи на реализација на зацртаните цели, а инвестициите што се прават во делот на инфраструктурата се првенствено за подобрување на условите за работа и престој на вработените во Армијата и Министерството – посочи министерот за одбрана Владо Мисајловски во разговор со вработените при денешниот увид во градежните активности за целосна реконструкција на Директоратот за безбедност и разузнавање во рамките на касарната „Гоце Делчев“ – Скопје.
Како што информираат од МО, во моментот активно се работи на целосно завршување на активностите предвидени со реконструкцијата на овој објект, односно се поставуваат нови преградни ѕидови, се поставува целосно нова електричната инсталација, осветление, се работи на поврзување на противпожарна и громобранска инсталација, се поставува нов вентилациски систем и систем за греење, промена на подна облога и на врати и се извршуваат работни зафати за доработка на санитарните јазли, како и довршување гипсарски, молерофарбарски и фасадерски работи, со цел постигнување енергетска ефикасност на објектот.
септември 17, 2026
