Connect with us

Регион

Реакција на Коњуфца на пресудата за водачите на ОВК: Неверојатно е суд што зборува во името на Косово да донесе таква одлука

Шефот на косовската дипломатија, Гљаук Коњуфца, денеска, откако Специјализираните совети за Косово во Хаг ги осудија поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) на високи затворски казни – од 13 до 25 години – изјави дека „неверојатно е суд што зборува во името на Косово да донесе таква одлука“.

Братот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, Гани Тачи, изјави дека семејството очекува Апелацискиот суд да ја промени одлуката на Специјализираните совети, кои го осудија на 25 години затвор за воени злосторства.

„Чекаме жалбена постапка. Убедени сме во неговата невиност“, додаде Гани Тачи.