Култура
Тетовскиот писателот Јован Дамјановски подари негови книги за Хрватскиот културен центар
Тетовскиот писател Јован Дамјановски вчера подари 14 свои нови книжевни дела за библиотеката на Хрватскиот културен центар во Тетово. Ова е втор пат писателот Дамјановски на овој начин да го поддржи Центарот, кој функционира под покровителство на Македонско-хрватското друштво (МХД) и Хрватскиот форум.
-Донесов 14 книги, од кои 12 се мои романи, една драма и една книга раскази. Воедно оставам во оваа библиотека Зборник на македонски писатели. Целта е да се збогати библиотека на Македонско-Хрватско друштво и нивниот културен центар. Мора да ја истакнеме потребата за оддавање почит кон хрватскиот народ кога станува збор за културната соработка. Да потсетиме дека збирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин е излезе од печат токму во Хрватска во 1939 година, во рамки на кралска Југославија кога македонскиот јазик и македонската национална свест биле забранети или потчинети“, истакна Дамјановски.
Библиотеката во овој културен центар брои над 2000 наслови.
-Ваквите хумани и културни гестови не само што го збогатуваат книжевниот фонд, туку и длабоко ги продлабочуваат пријателските врски, градејќи мостови на соработка кои остануваат да сведочат за духот на заедништвото во Тетово, истакна претседателот на Македонско-хрватското друштво, Дарко Обадиќ.
МХД и Јован Дамјановски се подготвуваат и за уште една соработка. На 27 септември 2026 година во Тетово ќе се одржи промоција на ново книжевно дело на Јован Дамјановски – романот „Сонувалка за живот“ кој ќе биде испечатен двојазично, на македонски и хрватски јазик.
септември 16, 2026
