Живот
Најстариот преживеан од Холокаустот во Израел, почина на 107 години
Најстариот човек што го преживеа Холокаустот, Јехуда Ахарон Видавски синоќа почина на 107 години, соопштија денеска Меморијалниот центар Аушвиц-Биркенау и израелските медиуми.
Видавски беше роден во Полска во 1919 година. Голем број членови на неговото семејство се убиени за време на нацизмот, а тој беше затворен во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Тој во 1950 година емигрирал во Израел, а од 1978 година беше вклучен во реставрацијата на еврејските гробови во Полска.
Според Меморијалниот центар Аушвиц-Биркенау, Видавски помогнал во идентификувањето и обележувањето на повеќе од 3.000 еврејски гробови.
Претседателот на Израел, Исак Херцог изрази сочувство до „прекрасното семејство“ на Видавски.
Животот на Видавски е извонредно сведоштво за триумфот на животот, сеќавањето и обновата, објави Херцог на Икс.
Нацистите убија околу шест милиони Евреи во Европа за време на Холокаустот. Тел Авив во април објави дека околу 109.000 преживеани од Холокаустот сè уште живеат во Израел.
септември 15, 2026
