Connect with us

Култура

Тетовскиот Интернационален филмски фестивал ТИФФ ОДА со јубилејно 15 издание од 16 до 22 септември

Во Тетово ќе се одржи 15-тото издание на Тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА (TIFF ODA), најавија организаторите на прес-конференција. 

Фестивалот свечено ќе биде отворен на 16 септември со филмот „Дуа“, во режија на Блерта Башоли, додека 15. издание ќе биде затворено на 22 септември со филмот „Срам и пари“ во режија на Висар Морина.

-Годинешната програма носи богата селекција на кратки и долгометражни филмови од Северна Македонија, Косово, Албанија, Балканот, Европа и пошироко, поврзувајќи афирмирани автори со нови филмски гласови и различни авторски перспективи. Еден од централните сегменти на фестивалот е Сине Вин Панорама (CINE WIN PANORAMA) натпреварувачката програма на кратки филмови, која оваа година носи 22 филма — играни, документарни, анимирани и студентски. Селекцијата опфаќа филмови од регионот и Европа, а дел од нив претходно биле прикажани на значајни меѓународни фестивали, истакна Сабедин Селмани од организацијата на фестивалот.

Покрај краткометражната програма, публиката на фестивалот публиката ќе има можност да проследи шест филмови во рамки на  балканската натпреварувачка програма, пет европски филмови како и специјална селекција на филмови наменети за деца и млади, односно за учениците од основното и средното образование.