Connect with us

Политика

Мицкоски: Очекувам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница да победи

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува нивниот кандидат за градоначалник да победи на предвремените избори во Брвеница.

– Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ има очекување кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на „Теса енерџи“.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопшти дека нивни кандидат за градоначалник на Брвеница е Стојанчо Радичевски. Нивниот коалициски партнер ВЛЕН исто така вчера соопшти дека нивни кандидат за градоначалник е Јакуп Хусеини.

Предвремените избори во општина Брвеница се распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски.