Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни отстапувања од планираната динамика во изградбата на Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри со проценета вредност од 1,3 милијарди евра.

Според ревизорскиот извештај, заклучно со декември 2023 година, само 0,12% од вкупните трошоци се однесувале на градежни работи.

Истовремено, ревизорите констатирале сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции, како и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти.

Сдс и Дуи да не моччат и да одговарат.

Каде и за што биле трошени средствата?

Зошто реализацијата доцнела? Кој бил одговорен за следење на динамиката и контролата на трошењето?

Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба?

И зошто државата плаќала милионски провизии за средства кои не биле повлечени, додека проектите доцнеле?

Јавноста заслужува јасни и конкретни одговори.

За разлика од катастрофалното владеење на СДС и ДУИ денес разликата е очигледна.

Денес јасно може да се направи споредба со реализацијата на инфраструктурните проекти.

Денес активно се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На делницата Гостивар–Букојчани, напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, додека градежни активности се одвиваат на околу 14 од вкупно 17,5 километри на делницата Тетово–Гостивар.

Сето ова ја покажува посветеноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ во реализацијата на капиталните проекти.

Денес јасно се гледа разликата во начинот на управување на СДС и ДУИ, и денес се гледа дека кога има институционална посветеност, контрола и следење на реализацијата, инфраструктурните проекти можат да напредуваат.

Но денешното засилено темпо на изградба не ја брише одговорноста за начинот на кој проектите биле управувани претходно од СДС и ДУИ.

Затоа бараме Јавното обвинителство да постапи по наодите од ревизорскиот извештај на ДЗР.

Потребно е да се испитаат договорите, исплатите, провизиите, начинот на управување со средствата и динамиката на реализација, како и да се утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за контролата и управувањето со проектот.

Граѓаните имаат право да знаат како се трошеле 1,3 милијарди евра и зошто реализацијата доцнела.

За јавните средства мора да има отчетност. За пропустите на СДС и ДУИ мора да има одговорност.