Connect with us

Фудбал

Менаџерот на Ливерпул со смирувачки вести за навивачите

Екипата на Ливерпул со победа од 2:1 против Атлетико Мадрид ја почна новата сезона во Лигата на шампионите. Сепак знак за загриженост кај навивачите на Ливерпул беше моментот кога во 60.минута новото и скапо засилување од ПСЖ, Бредли Баркола го напушти теренот поради повреда.

Сепак, смирувачки информации стигнаа од менаџерот на „црвените“ Андони Ираола.

–  Не е во прашање повреда, туку само грч. Кај Баркола е важно тој сега да работи на физичката подготовка. Не знаевме колку тој е подготвен, односно не знаевме колку може да игра, бидејќи во претсезоната за ПСЖ не одигра ниту една минута, изјави Ираола.

Натпреварот против Атлетико Мадрид беше прв старт на Французинот за Ливерпул. Сепак менаџерот истакна дека е задоволен од тоа што го видел од Баркола бидејќи имаше две шанси, но не ја затресе мрежата на противникот.