Свет
Во Холандија штрајк поради владиниот предлог за намалување на социјалните трошоци
Јавниот превоз во Холандија денеска е блокиран поради штрајкот на национално ниво организиран во знак на протест поради владиниот предлог за намалување на социјалните трошоци.
Поради штрајкот, во Холандија не сообраќаат возовите, автобусите, траектите, а нарушени се и меѓународните железнички линии кон Белгија, Германија, Франција и Велика Британија.
Штрајкот дополнително ја комплицира позицијата на холандската малцинска десничарска влада, формирана оваа година, која веќе се соочува со тешкотии во обезбедувањето усвојување на предлозите во двата дома на парламентот.
Бидејќи нема мнозинство, на коалицијата ѝ е потребна поддршка од партии надвор од алијансата, а левичарската партија Про, која ја предводи опозицијата, застана на страната на синдикатите барајќи сите предлози за намалување на социјалните трошоци да бидат повлечени од постапката.
Во обид да добие поддршка, холандската влада веќе ги напушти плановите за зголемување на возраста за пензионирање и минатата недела се согласи да ги ублажи другите предлози.
септември 10, 2026
