Свет
Протести во Сеул поради евентуалното распоредување на јужнокорејски војници во Ормуска Теснина
Стотици Јужнокорејци денеска протестираа во Сеул барајќи од владата да не распоредува војници во Ормуска Теснина.
Околу 60 демонстранти протестираа пред Амбасадата на САД во Сеул, носејќи транспаренти „Не учествувајте во агресивна војна“.
Додека демонстрантите, пред на Центарот за сценски уметности Сеџонг, скандираа „Не можеме да ги испратиме нашите млади луѓе во морето на смртта!“.
Јужнокорејските власти вчера објавија дека ќе испрати тим за процена на ситуацијата во Ормуска Теснина нагласувајќи дека сè уште не е донесена одлука за евентуалното распоредување на војска.
Сеул минатата недела соопшти дека разгледува начини за да придонесе кон безбедносните напори на САД во Ормуска Теснина, под услов тоа да не ги загрози оперативните способности на нејзините вооружени сили.
По најавата на Сеул, Техеран предупреди дека секој воен придонес на Јужна Кореја во конфликтот ќе се смета за „директна поддршка за земјата одговорна за оваа агресија“ и ќе има „сериозни последици“.
Претходно, јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, го засилил притисокот врз Сеул да даде воен придонес во напорите за обезбедување пловидба низ Ормуска теснина, во услови на обновени тензии на Блискиот Исток.
За распоредување на јужнокорејски војници во Ормуска теснина ќе биде потребна одлука од Советот за национална безбедност на Јужна Кореја, одобрение од владата и согласност од Националното собрание. Јужна Кореја е сојузник на САД, каде се распоредени околу 39.000 американски војници.
септември 10, 2026
