Хроника
Приведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месеци
МВР информира дека е приведен Ф.Р. (50) од Тетово кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од 1,5 година за сторено кривично дела по член 144 став 5 во врска со ставовите 1 и 4 од Кривичниот законик.
Ф.Р. е приведен вчера, во 14:15 часот, на улицата „180“ во Тетово, од полициски службеници на СВР Тетово, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
септември 10, 2026
