Connect with us

Вести

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета

Со спектакуларен концерт на светската музичка ѕвезда Давид Гета на Националанта арена „Тодор Просески“ во Скопје синоќа беше заокружено одбележувањето на 35-годинишнината од независноста на Македонија.

Пред речиси 50 илјади луѓе Гета го приреди сценскиот перформанс The Monolith Stadium Show, придружен со светлосни ефекти, пиротехника и впечатливи визуелни елементи.

Вечерта почна со настапите на SEMPRE и DJ Nikifor, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од програмата.

Настапот на Давид Гета беше дел од одбележувањето на Денот на независноста, кое годинава се одвиваше со мотото „Силно светнал ден“.

Во рамките на прославата за 35 години независност на Македонија на 1 септември во Скопје концерт одржа и светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија, а на 4 септември се одржа мултимедијалниот сценски спектакл, кој го заокружи своето патување во државата со настап на повеќе од 120 артисти.

Карванот „Силно светнал ден“ почна од Охрид на 9 август и посети 12 града во земјата. Во неговата реализација учествуваа познати македонски музички изведувачи и актери.

Музичката програма во чест на 35 годи