Connect with us

Вести

Приведен екс директорот на „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами кој беше во бегство

Поранешниот директор на „Државна лотарија“ кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава се предаде на ограните на прогонот, откако беше во бегство.

Во 05:35 часот, Перпарим Бајрами од Куманово, роден на 10 февруари 1993 година, самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи.

По Бајрами била распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.

Мерката е потврдена, по што Бајрами е лишен од слобода и ќе биде спроведен на понатамошна постапка пред надлежните органи.

Со ова, по Артан Груби, уште едно лице по кое се трагаше е ставено на располагање на органите на прогонот.