Кошарка
Кошаркарскиот вицешампион Маџари го смени името – КК Скопје 2023
КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ 2023, објавија од клубот на социјалните мрежи. Ова не е само промена на името. Ова е нов чекор во градењето на една уште поголема и попрепознатлива спортска приказна, стои во објавата.
Од клубот кој потекнува од скопската општина Гази Баба истакнуваат дека спортските основи ќе продолжат да бидат главна цел на клубот создавање на спортисти, преку работа, посветеност и тимски дух.
Зад клубот во новата сезона се очекува да биде и навивачката група „Пирати“ од населбата Автокоманда.
КК СКОПЈЕ ќе го носи духот на Гази Баба на секој натпревар, а заедно со „Пиратите“ сакаме да создадеме атмосфера која ќе биде наша препознатлива сила.
„Од Маџари до Скопје. Од традицијата кон иднината. Од трибините до теренот“, објавија од клубот.
Вицешампионот натпреварите во новата сезона ќе ги игра во СЦ „Јане Сандански“.
септември 6, 2026
