Connect with us

Фудбал

Канаѓанецот Лоренцо нов фудбалер на Брегалница

Македонскиот прволигаш Брегалница ги засили своите редови за продолжението на сезоната во ПМФЛ со канадскиот 21-годишен напаѓач Натаниел Лоренцо.

„Од Канада ни пристигнува млад, перспективен напаѓач, со брзина, енергија и голема желба за докажување. Веруваме дека неговата младост, талент и напаѓачки квалитети ќе донесат нов импулс и дополнителна опасност пред противничкиот гол“, соопшти клубот од Штип.

Лоренцо ја почна кариерата во Про Старс Торонто, по што се пресели во европскиот фудбал, настапувајќи прво за подмладокот на Ѓер, од каде премина во Татабања.