Свет
Авионот на американскиот министер за внатрешна безбедност принудно слетал поради дефект на моторот
Авионот во кој се наоѓаше американскиот министер за внатрешна безбедност, Марквејн Малин, изврши принудно слетување во Вашингтон синоќа поради дефект на еден од моторите.
C-37A пријавил на Националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон дека десниот мотор е во дефект, по што безбедно слетал, објавија американските медиуми. Малин го потврди инцидентот во соопштение, нагласувајќи дека пилотите „направиле слетувањето со еден мотор да изгледа рутински“.
„Без паника, само чист професионализам“, напиша Малин. Малин додаде дека пилотите му рекле дека ова е првпат да иумаат проблем со дефект на мотор на авион.
септември 3, 2026
