Свет
САД: За една година 227 лица убиени во напади врз чамци на осомничени нарко-трговци
Соединетите држави во изминатите година дена убиле 227 луѓе во нападите врз бродови поради сомневања за криумчарење дроги на Пацификот и Карибите, според податоците на американската војска.
Вкупно 68 напади се изведени во рамките на операцијата „Јужно копје“, којашто трае точно една година, изјави портпаролот на Јужната команда на Вооружените сили на САД (SOUTHCOM). Тројца осомничени криумчари на дроги се спасени, додаде.
Американското Министерство за војна (одбрана) ја започна операцијата „Јужно копје“ по налог на претседателот Доналд Трамп во неговите настојувања да го сузбие криумчарењето дроги низ американскиот континент.
Функционер на американската администрација изјави во вторникот дека криумчарењето дроги на Карибите паднало дури за 65 отсто како резултат на американската операција. Бројката не може независно да се провери, забележува Reuters.
SOUTHCOM повеќепати известуваше за ликвидации на осомничени криумчари на дроги од почетокот на операцијата, редовно објавувајќи снимки од смртоносните напади.
Главно и натаму е нејасно каде точно се изведуваат нападите и на која правна основа. Критичарите ги доведуваат во прашање дали овие вонсудски егзекуции кои самите посебе се спротивни на правото, биле изведени во меѓународните води и дали се дозволени според меѓународното право.
Соединеите држави, исто така, минатата година ја наведо борбата против криумчарењето дроги за да ја оправдаат својата воена присутност близу брегот на Венецуела и нападите кои резултираа со грабнување на венецуеалскиот пртседател Никола Мадуро под обвинение за наводна тргивија со дроги, иако оваа земја се смета само за транзутна рута на колумбиските наркокартели преку заедничките прашуми, а не за производствен центар особено за дрогата која е наменета за европскиот пазар.
септември 3, 2026
