Промо
НЈСК Холдинг и Факултетот за земјоделски науки и храна потпишаа Меморандум за соработка
НЈСК Холдинг и Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува партнерство насочено кон поврзување на академското знаење, научноистражувачката работа и практичното искуство во земјоделскиот сектор.
Меморандумот претставува основа за продлабочување на соработката меѓу стопанството и академската заедница, со посебен акцент на размена на знаења и искуства, развој на заеднички проекти и поттикнување на примената на современи технологии и иновативни решенија.
Соработката ќе опфати активности од заеднички интерес во областа на земјоделските науки, со можности за вклучување на студенти и млади истражувачи, како и за унапредување на практичната примена на научните сознанија во производството.
„Ми претставува особена чест и задоволство што денес, заедно со деканот проф. д-р Миле Маркоски, потпишавме Меморандум за соработка помеѓу НЈСК Холдинг и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.
Овој Меморандум означува почеток на едно значајно партнерство кое претставува спој на науката со производството и иновациите, со цел унапредување на образовните и научноистражувачките активности, како и поттикнување на трансферот на знаења и современи технологии во областа на земјоделството.
Нашата цел е, преку заедничка синергија на академското знаење, научноистражувачката работа и практичното искуство, да развиваме проекти и решенија кои ќе придонесат кон унапредување на земјоделското производство, примена на современи технологии и создавање нови можности за младите и идните професионалци во оваа област.
Посебен фокус на ова партнерство ќе биде развојот и примената на научно засновани методи и современи технологии во одгледувањето и производството на медицински канабис, со акцент на квалитетот, безбедноста, одржливоста и усогласеноста со највисоките научни и производствени стандарди.
Истовремено, со поврзувањето на земјоделските науки со фармацијата и фармацевтската индустрија, отвораме простор за развој на нови производи, истражувања и иновативни технологии, од примарното производство и контролата на суровините, преку екстракција и преработка, до развој на стандарди за квалитет и примена во фармацевтскиот сектор.
Заедно со академската заедница создаваме знаење, поттикнуваме иновации и градиме нови стандарди за иднината.“ – изјави Сашо Стефаноски, генерален директор на НЈСК Холдинг.

Потпишувањето на Меморандумот ја потврдува заедничката определба за создавање услови во кои научните сознанија и современите технологии ќе имаат директна практична примена. Преку ваквото партнерство се отвора можност за реализација на активности кои ќе придонесат за развој на компетенциите на идните професионалци, но и за унапредување на производните процеси и стандардите во земјоделскиот сектор.
Особено значајно е што соработката создава простор за поврзување на различни области и експертизи, со цел развој на решенија засновани на наука, иновации и современи производни практики.
„Потпишувањето на овој Меморандум за соработка со НЈСК Холдинг го сметаме за значаен чекор кон продлабочување на врската меѓу академската заедница и стопанството. Како високообразовна и научна институција, наша обврска е знаењето и научните достигнувања да ги поврзуваме со реалните потреби и предизвици на земјоделскиот сектор.
Верувам дека оваа соработка ќе отвори нови можности за практична примена на знаењата, размена на искуства, развој на иновативни решенија и создавање подобри услови за професионален развој на нашите студенти и млади истражувачи. Заедничкиот пристап и партнерството со компаниите се особено важни за градење модерен, конкурентен и одржлив земјоделски сектор.
Очекувам овој Меморандум да биде почеток на една долгорочна и успешна соработка, од која придобивки ќе имаат и двете институции, но и пошироката општествена и земјоделска заедница. “ – се надоврза Миле Маркоски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна.
Со потпишувањето на Меморандумот, НЈСК Холдинг и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје поставуваат основа за долгорочна соработка и заеднички активности во насока на развој на знаењето, иновациите и современите производни практики.
Партнерството претставува чекор кон посилно поврзување на образованието, науката и стопанството и создавање нови можности за развој на земјоделскиот сектор, младите професионалци и пошироката заедница.


