Connect with us

Останати спортови

Македонските пливачи со симболичен настап на првиот ден на Медитеранските игри 2026

Македонските пливачи не се истакнаа во своите први настапи на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Тие беа на дното или при самото дно во  квалификациските трки одржани претпладнево.

Сара Јанковиќ на 400 метри слободно ја заврши на последното 10. место со време од 4:34.83 минути, 17,69  секунди послабо од победничката во втората група.

На последното место се пласираше и Огнен Славковски на машката трка во истата дисциплина. Тој патеката ја исплива за 4:04.37 минути.

Јован Јанковски трката 50 метри пеперутка ја заврши за 24,86 секунди и го освои 17. место од 20 пливачи кои ја завршија трката.