Свет
Зеленски го назначи Олександр Поклад за вршител на должноста шеф на СБУ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи првиот заменик-шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Олександр Поклад, за вршител на должноста шеф на таа служба.
Зеленски со указ го назначи Поклад привремено да ја извршува должноста шеф на СБУ, објави Укринформ.
Должноста шеф на Службата за безбедност на Украина ја вршеше генерал-мајор Евгениј Хмара, кого владата, на предлог на Зеленски, го назначи за вршител на должноста министер за одбрана
јули 19, 2026

