Connect with us

Култура

Мицкоски: Имаме историски инвестиции во културата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во областа на културата има историски инвестиции, истакнувајќи ги тековните активности за изградба на Театарот во Струмица, за Универзалната сала во Скопје, како и обновата на културните домови низ државата. 

На новинарско прашање Мицкоски рече дека е завршен тендерот за Театарот во Струмица и оти тој објект конечно ќе биде завршен и пуштен во функција, како и дека на скопјани ќе им се допадне решението што ќе биде презентирано за Универзалната сала, кое рече дека е „навистина модерно“.

– Апсолутно како и во секоја друга област во државата, така и во културата имаме навистина инвестиции коишто, би рекол, се историски. Тука пред се, мислам и на инвестицијата на Театарот во Струмица, којшто конечно треба да биде завршен, завршена е тендерската постапка итн, и да биде пуштен во функција. Постапката за скопската Универзлана сала, тоа е многу важно. Во разговор со министерот, мислам дека презентацијата на решението е навистина модерно и ќе им се допадне на скопјани. Тука се сите оние културни домови коишто се реконструираат на целата територија на Македонија, рече Мицкоски, во изјава  при посетата на ГОБ „8 Септември“ Скопје.

Инвестициите, нагласи, се потребни и имаме уште многу работа.  – Можеме само да ветиме чесна, посветена и многу работа. Останато – политикантство, интриги, шпекуалци, го оставаме на тие коишто не можат и не знаат ништо да сработат, изјави Мицкоски.