Connect with us

Вести

Одземен му е телефонот и се проверува со кого разговарал осомничениот пред да ги опожари двете дипломатски возила

Осомничениот за палењето на автомобилите на Бугарската амбасада, 44-годишниот И.Д., оди во притвор. Основниот кривичен суд Скопје го одобри барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и тој доби притвор од осум дена.

Четириесет и четиригодишниот скопјанец го признал делото во полиција. Целиот чин беше снимен од надзорните камери, а сторителот беше идентификуван и приведен истиот ден кога го сторил делото. Инцидентот беше осуден и од македонските и од бугарските власти.

Според Обвинителството, тој се товари за кривично дело – предизвикување општа опасност. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека му е одземен телефонот на осомничениот за да се утврди дали и со кого комуницирал и каква била содржината на таа комуникација.

„Јас не би брзал со било какви квалификации од страна на нашиот источен сосед. Она што сакам да го кажам е дека како Влада најсилно го осудуваме чинот“, вели Мицкоски.

Ad
Ad