Култура
Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска
Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска, а во продукција на Унита Филм.
Филмот ја раскажува приказната за Ева, млада жена која се наоѓа во внатрешен конфликт помеѓу обврската да се грижи за својата болна мајка и желбата конечно да започне да го живее сопствениот живот. Неочекуваните околности ја доведуваат пред тешка одлука, принудувајќи ја да се соочи со границите на љубовта, жртвата и личната слобода.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Лео Поповиќ и Ана Костовска.
Директор на фотографија е Александар Крстевски, додека сценографијата ја потпишува Симе Атанасиевиќ. За костимографијата е задолжена Жаклина Крстевска, а шминката е дело на Снежана Ангеловска-Живковска.
Продуцент на филмот е Вардан Тозија, додека ко-продуцент е Лидија Ивановски.
јуни 11, 2026


