Connect with us

Хроника

Санкциониран возач кој возел со 203 километри на час на автопатот Скопје – Свети Николе

Сообраќајната полиција вчера попладне на автопатот Скопје – Свети Николе кај Преод, со уред за мерење на брзина евидентирала возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички што се движело со 203 километри на час.

Од МВР информираат дека возилото се движело надвор од населено место, каде максимално дозволената брзина е 130 километри на час.

Против возачот се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Сообраќајните контроли продолжуваат на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите, зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја приспособат брзината кон условите на патот, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Ad
Ad