Регион
Велислава Петрова: Коридорот 8 е стратешки проект за нас
Коридорот 8 е стратешки проект за нас, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова пред новинарите пред почетокот на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија.
-Тој е приоритет со години, но не секогаш се работи на него со доволно ниво на активност што е потребно. Состанокот е можност да се одржи политичкиот моментум, да се види до каде се стигнати релевантните проекти и делови од него и да се престане да се размислува само за мали проекти, туку како за еден голем коридор што треба да се заврши, додаде министерката.
-Следната година ќе бидеме домаќини на форум за поврзување. Таму фокусот е на средниот коридор. Кога овој коридор ќе стигне до Бугарија, треба да почне да нè поврзува со остатокот од Европа и Западен Балкан. Коридорот 8 е токму оваа врска што можеме да ја имаме со земјите од Западен Балкан, рече Петрова.
Министерката за надворешни работи на Бугарија истакна дека е важно да се размислува за Коридорот 8 во целост, бидејќи има потенцијал и за железничка поврзаност и за енергетска и воена мобилност.
„Работиме на исполнување на роковите, мислам дека до 2032 година“, рече Петрова, додавајќи дека Бугарија има политичка волја.
октомври 8, 2026


