Connect with us

Хроника

Жител на Банско со комбе прегазил полицаец на Фронтекс и удрил во соселанец на трактор, двајцата се потешко повредени

Ф.И.(33) од село Банско е осомничен од полицијата дека вчера, откако не застанал на полициски знак за да му биде извршена контрола нему и на возилото, го придвижил возилото и удрил во полицаец на ФРОНТЕКС од Полска, а потоа и во трактор управуван од Ѓ.М. (52) од истото село, нанесувајќи и тешки повреди, соопштија денеска од СВР Струмица.

Имено, вчера околу 12:30 часот во село Банско, Струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село, додека извршувале службени дејствија со полициски службеници од ФРОНТЕКС, забележале товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки натоварено со дрва, а го управувал Ф.И.(33) од село Банско.

-При обид да извршат контрола на Ф.И. и возилото, тој го придвижил возилото и удрил во полициски службеник од Фронтекс од Полска, а потоа и во трактор „имт“, управуван од Ѓ.М.(52) од село Банско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле полицискиот службеник и возачот Ф.И., констатирани во Медицински центар Струмица, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Се додава дека е избршен увид од увидна екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека возачот на тракторот Ѓ.М. го управувал возилото без положен возачки испит, додека возачот на товарното возило „форд транзит“ Ф.И. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.