Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Нова утка на СДС ботовска, бројат само до 50 илјади и манипулираат

СДС се однесува како бот и чита само наслови Без да навлезе во суштината. Впрочем по интелектуалното ниво ако се цени како да Заев им ги пишува соопштенијата повторно. Тие утрово обвинија дека претседателот на Владата Мицкоски наводно излажал кога кажал дека на прославата за независност имало 200 илјади посетители, кога имало само 50 илјади, како што кажал Дејвид Гета.

И тоа е така ако се чита ботовската логика на СДС.

Но, она што го кажува Мицкоски е дека над 200 илјади граѓани ги посетија настаните за независност, од кои само 50 илјади концертот на Гета.

Ако не веруваат, нека ја преслушаат изјавата. Впрочем, веројатно оние кои само не биле на прославата се од СДС, иако таинствено, без да ги видат другите, веројатно потслушнувале или скришум гледале некој од настаните, затоа што импресионираноста не можат да ја сокријат штом 10 дена верглаат во празно една иста тема. Нивната завидливост е обратнопропорционална со среќата и возбудата на граѓаните.

За да им биде полесно, еве уште еднаш им го испраќаме видеото кое го објави Дејвид Гета за Скопје, Македонија. Името кое СДС ботовски претходно го смени. Нека уживаат