Економија
Димовски во посета на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје
Во согласност со концептот за активна и транспарентна соработка, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, ја посетил компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје, каде што оствари средба со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте.
Во рамките на посетата, како што наведуваат од Дирекцијата, Димовски и Ло Конте разговарале за досегашното работење на компанијата, тековните активности, како и за плановите и можностите за понатамошен развој. Воедно, беше реализирана и обиколка на производствениот погон, при што беше согледан начинот на функционирање на производството, работните процеси и капацитетите со кои располага компанијата.
Димовски посочил дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува да биде во постојан контакт со компаниите што работат во зоните, со цел подобро разбирање на нивните тековни потреби и поддршка на нивните развојни планови.
– На средбата беше истакнато значењето на континуираната комуникација меѓу Дирекцијата и компаниите во зоните, со цел навремено идентификување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите, како и создавање услови за нивно успешно работење и понатамошно инвестирање – стои во соопштението на Дирекција за ТИРЗ.

