Connect with us

Економија

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата

Со потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ паѓаат во вода лагите на опозицијата дека Буџетот нема пари и дека сме презадолжени, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Имаме континурано клеветење дека само што не сме банкротирале. „Фич“ беа тука, разговараа и со мене и со Министерството и разговаравме и за подобрување на рејтингот така што веста денес е многу значајна дека Фич го потврди рејтинот и паѓаат во вода лагите и клеветите на опозицијата дека само што не сме банкротирале, дека Буџетот нема пари, дека сме презадолжени, изјави Мицкоски.

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната инвестициска активност и реформскиот процес поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, соопшти денеска Министерството за финансии.