Connect with us

Фудбал

Хамес Родригез се врати во својата татковина

Колумбиецот Хамес Родригез потпиша договор со Атлетико Насионал на една година. За 35-годишниот фудбалер ова ќе биде негов 14.ти клуб во богатата кариера, а има настапувано во 12 различни држави. Последниот клуб за кој играше Родригез беше Минесота Јунајтед во МЛС лигата.

Тој својата родна земја ја напушти на 16 години и од 2008 година играше за аргентинскиот тим Банфилд, а потоа следуваа трансферите во Порто и Монако. По Светското првенство во 2014 година каде одигра одличен шампионат направи трансфер Реал Мадрид вреден 75 милиони евра. Во дресот на Колумбија на тој Мундијал постигна шест голови и ја освои „златната копачка“.

Хамес Родригез остана еден од најпознатите фудбалери од Колумбија, а во репрезентативниот дрес одигра 131 натпревар и постигна 31 гол. За клубовите за кои настапуваше освои вкупно 25 пехари меѓу кои и два во Лигата на шампионите со Реал Мадрид во 2016 и 2017 година.