Connect with us

Регион

Албанија и американската компанија „Арџент ЛНГ“ ќе градат терминал за течен природен гас

Американската компанија „Арџент ЛНГ“ и Албанија на Јадранското Море ќе градат голем терминал за складирање и регасификација на течен природен гас, преку кој би се снабдувале пазарите во Западен Балкан и Југоисточна Европа.

Предвидено е терминалот да биде со капацитет од пет милиони тони годишно.

– Албанија има можност да направи за Југоисточна Европа она што не мора да го прави за себе, да служи како безбедна точка за снабдување, со упориште во САД, што ја зајакнува енергетската безбедност на своите соседи и застанува на страната на Украина во време кога енергијата се користи како оружје против регионот, изјави извршниот директор на „Арџент ЛНГ“, Џонатан Бас.

Компанијата соопшти дека потпишала меморандум за разбирање со албанската влада за заеднички развој на терминал што ќе се поврзе со Трансјадранскиот гасовод (ТАП) и планираниот Јонско-јадрански гасовод (ИАП) и гасниот коридор Фиер-Валона во Албанија, овозможувајќи дистрибуција на американски течен природен гас на регионалните пазари.

Преку регионалните аранжмани за гас, оваа инфраструктура има потенцијал да придонесе за енергетската безбедност на Украина.

Албанија е членка на Иницијативата „Три мориња“ и земјите-членки планираат да го развијат овој терминал како водечки проект во рамките на таа иницијатива.

„Арџент ЛНГ“ потпиша меморандум за разбирање со турската државна енергетска компанија „Боташ“ и украинската компанија „Нафтогаз“ во јули, а во авфуст и со романскиот оператор за транспорт на гас „Трансгаз“.