Сервисни информации
Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
септември 10, 2026
