Сервисни информации
За викендот се најавува дожд и пад на температурата
Управата за хидрометеоролошки работи најавува за викендот променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Локално, врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер, а од сабота и дневната температура ќе биде во опаѓање.
Топлото и сончево време ќе трае уште следните два дена. Во попладневните часови наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
септември 9, 2026
