Connect with us

Политика

Лефков: Филипче и СДС за дата центрите се најдоа на линија и против САД и против својот пратеник Ковачевски

Венко Филипче и талогот на СДС освен што шират лаги, манипулации и паника меѓу граѓаните, за дата центрите успеаја да се најдат и на линија против стратешкиот партнер на Македонија, САД, ама и на линија против ставови на свои сопартијци.

Во креирање на јавното мислење во САД против дата центрите вклучени се многубројни профили од Кина. Ова е разбирливо затоа што САД се најголем конкурент на Кина во оваа индустрија со дата центрите.

Филипче исто така се најде и на спротивна страна со поранешниот премиер од СДС, Димитар Ковачевски, актуелен пратеник кој јасно ја поддржа идејата за развој на оваа индустрија. Ковачевски вчера јавно ги објасни работите, меѓу другото и на Филипче, и укажа на користа за Македонија од дата центри како национален, така и од евентуалните идни приватни дати центри.

Ваквото однесување на талогот на СДС и Филипче говори само за нивната конфликтна природа. Тоа не е добро за никого, па ниту за Филипче и СДС.

Оттука е јасно дека од оваа партија која тоне од ден на ден не може да се очекува ништо што е во корист на граѓаните и државата.

Од друга страна актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ води политики кои јасно се за Македонија како модерна држава и во корист на граѓаните или повисок животен стандард и квалитетна животна околина.