Култура
Спектакуларен концерт на Хосе Карерас и македонските музички ѕвезди на плоштадот Македонија
Светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија синоќа одржаа спектакуларен концерт на плоштадот Македонија во рамките на прославата за 35 години независност на Македонија.
Покрај шпанскиот тенор, настапија и Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Дешира Амети-Крлиу, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.
Публиката уживаше во речиси четиричасовниот концерт во кој легендарниот шпански тенор изведе две нумери заедно со Каролина Гочева и Калиопи и трипати го врати на бис.
Кулминација на вечерта беше заедничката изведба на песната „Едно име имаме“ на крајот од концертот на сите учесници заедно со маестро Карерас.
Концертот беше централен дел од богатата програма за одбележување 35 години независност на Македонија, која ќе финишира на 8 септември, на Денот на независноста, со настап на славниот француски диџеј Давид Гета на стадионот „Тоше Проески“.
септември 2, 2026
