Вести
Муцунски се сретна со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад на маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора.
Како што информираат од МНТиНТ, во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.
Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.
На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.
октомври 22, 2026


