Connect with us

Свет

Американската армија уништи брод на наркокартел во источниот дел на Тихи Океан

Американската армија соопшти дека уништи брод, што го користеле трговците со дрога како мобилна станица за полнење гориво во источниот дел на Тихи Океан.

Пред уништувањето, американските војници, без примена на сила, привеле неколку лица од бродот и ги предале на еквадорските власти.

Јужна команда на САД, одговорна за воените операции во регионот, соопшти дека бродот го користеле припадници на Лос Чонерос – една од најмоќните криминални групи во Еквадор.

Операцијата била однапред координирана со еквадорската влада.

Американската армија од минатата есен, по наредба на претседателот Доналд Трамп, напаѓа бродови, за кои претпоставува дека се користат за шверц на дрога, во Карипско Море и источен Пацифик.