Connect with us

Вести

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер – криминал

Успехот на македонската полиција доби признание и од ФБИ – јавно ја поздрави заедничката акција и апсењето на администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“. Првата заедничка координирана сајбер-операција меѓу МВР и ФБИ испраќа силна порака – криминалот нема граници, но, нема ниту борбата против него, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Продолжуваме со силна меѓународна соработка, конкретни резултати и бескомпромисна борба против сајбер-криминалот – посочуваат од МВР.

Ad
Ad