Фудбал
Винисиус: Моментално поминувам низ тежок период, но ќе се вратам
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по победата од 4:3 над Рома во второто коло од Лигата на шампионите изјави дека наскоро ќе се врати во врвна форма.
-Ќе се вратам. Дефинитивно ќе се вратам. Моментално поминувам низ тежок период, но ќе се вратам. Вини секогаш се враќа! Беше нормално да се биде незадоволен од замената. Сакам да играм секоја минута и да му помогнам на тимот, но тоа е невозможно. Ендрик влезе и ја промени играта. Тој беше најдобриот играч во второто полувреме. Не сум загрижен, но сум лут на себе што не одиграв најдобро, напиша Винисиус на социјалната мрежа Икс.
Реал Мадрид има шест бода и се искачи на осмото место во генералниот пласман во Лигата на шампионите. Рома е 25-та со еден бод.
Во меѓувреме, Дисциплинската комисија на „Шпанска фудбалска федерација“ му изрече дисквалификација казна на Винисиус на четири лигашки натпревари поради црвениот картон на мечот со Виљареал.
Бразилецот ќе ги пропушти натпреварите против Севиља, Барселона, Расинг и Валенсија.
октомври 15, 2026


