Connect with us

Останати спортови

Златните маратонски медали за Ваинио кај жените и Петрос кај мажите на ЕП

На маратонските трки во рамки на Европското првенство во Бирмингем победија Алисиа Ваинио од Финска и Аманал Петрос од Германија. Европска шампионка стана Алисиа Ваинио од Финска, која патеката ја истрча за време 2:22.26 часа што претставува нов рекорд на првенствата. Таа трчаше соло-трка од почетокот до крајот и златниот медал во ниту еден момент не и беше загрозен.

Речиси пет минути зад победничката стигна Унгарката Лили Ана Виндич-Тот, кој го освои сребрениот медал, а трета целната линија ја мина Британката Ејби Донели, која беше побрза за шест секунди од Унгарката Нора Сабо.

И во машката маратонска трка победи фаворитот Аманал Петрос од Германија. За златниот медал постигна време од 2:09.11 часа што е време на нов рекорд на шампионатите. Во интересна борба за второто место Италијанецот Пиетро Рива во последните метри го мина Гашау Ајале од Изреал и имаше за три секунди подобро време.  

Македонскиот преставник маратонската трка ја заврши со време 2:22.39 часа на 46.то место. 

Екипно кај мажите најуспешни беа маратонците од Изреал, а кај жените репрезентативките на Велика Британија.