Останати спортови
Алмгрен триумфираше на доминантен начин на 10.000 метри на ЕП
Андреас Алмгрен од Шведска ги заслужи сите почести откако на доминантен начин победи во трката на 10.000 метри и конечно освои златен медал на едно големо натпреварување. Тој поголемиот дел од натпреварувачите ги мина речиси за еден круг, а патеката ја истрча за 27:23.44 минути со време на нов рекорд на првенствата и најдобар резултат сезонава. Втор целта ја мина Доминик Лобалу од Швајцарија, а трет Џими Гресиер од Франција.
Во скок во височина кај жените победи фаворитката Украинката Јарослава Махучик со прескокнати 197 сантиметри, додека поради подобрата серија Марија Зожик од Полска е втора, пред Марија Вуковиќ од Црна Гора, иако и двете имаа прескокнати 192 сантиметри.
Германецот Јулина Вебер со фрлањето во последната шеста серија стигна до златен медал на шампионатот, но и до рекорд на првенствата и најдобро фрлање оваа година. Тој копјето го фрли со должина од 90.40 метри и го мина сонародникот Ник Тум, кој имаше 83.76 метри и најдобро фрлање во кариерата. Бронзата му припадна на Патрик Гаилумс од Летонија.
Во седмобојот кај жените најуспешна беше Кејт О’Конор од Ирска со освоени 6751 поен, односно 38 поени повеќе од Ема Остервегел од Холандија, а трета беше нејзината сонародничка Софи Доктер.
На 400 метри кај жени норвежанката Хенриете Јегер не дозволи изненадување и го освои златниот медал со време 49.04 секунди или една секунда побрзо во втората Наталија Буквиецка од Полска и Лајке Клавер од Холандија.
Италијанецот Анди Диаз Хернандез триумфираше во трискок откако во втората серија имаше должина од 18.15 метри со најдобар резултат сезонава во светот. Сребрениот медал го освои Педро Пичардо од Португалија и Италијанецот Андреа Далавале.
Стефан Нилесен од Холандија направи изненадување со триумфот во трката на 1.500 метри – со време 3:35.70 минути откако имаше најдобар финиш. Самуел Пилстром од Шведска заврши втора, а трет целта ја мина Ендрју Коскоран од Ирска.
Во штафетните трки двете медали ги освоија британските штафети. Кај мажите постигнаа време 38.45 секунди, пред Германија и Белгија. Женската штафета на Велика Британија истрча 42.05 секунди, пред Швајцарија и Полска.
август 17, 2026
