Connect with us

Хроника

Струмичките пожарникари изгаснаа пожар на семејна куќа во Турново, нема повредени

Синоќа околу полноќ струмичките пожарникари гаснеле пожар на запалена покривна конструција на семејна куќа во село Турново, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.

Во интервенцијата биле ангажирани три противпожарни возила и 10 пожарникари-спасители, кои со брза и координирана акција успеале да го стават пожарот под контрола.

– Спасен е поголем дел од покривот и спречено е негово понатамошно ширење кон останатиот дел од куќата и соседните објекти, се наведува во објавата на струмичките пожарникари, кои освен оваа интервенција имаа полни раце работа и по вчерашното невреме кое го зафати регионот.

Се додава дека интервенцијата завршила успешно без жртви и повредени

Ad
Ad