Connect with us

Хроника

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово

Шеесет и петгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда на булеварот Октомвриска револуција додека извршувал работни задачи. Според информациите од СВР Куманово, вчера во 17:00 часот, лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. (65) од Куманово.

Според пријавеното, повредите ги здобил при пад од зграда на булеварот Октомвриска револуција додека извршувал работни задачи.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Ad
Ad