Connect with us

Свет

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади

Снабдувањето со вода за пиење е прекинато за најмалку 10.000 луѓе по должината на иранскиот брег по американските напади на југот од земјата, објави ДПА, повикувајќи се на официјални извори.

Причината е гранатирањето на постројката за десалинизација на морска вода во крајбрежниот регион Jаск, соопшти владината прес-служба, повикувајќи се на компанијата за водоснабдување на покраината Хормозган.

Според информациите, погодени се околу 20 крајбрежни села.

Американската aрмија соопшти дека напаѓа цели во јужен Иран за да ја ослаби способноста на земјата да ја гранатира Ормуската теснина. Но, локалното население и иранските новинари на социјалните медиуми, исто така, известуваат за напади врз цивилни објекти, вклучувајќи мостови, патишта и критична инфраструктура.

Со температури над 40 степени, нападите врз водоснабдувањето се особено тешки за населението, забележува ДПА.

Ad
Ad