Connect with us

Забава

Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ воведува економска класа без средно седиште

„Американскиот авиопревозник „Јунајтед ерлајнс воведува новитет во својата економска класа „Economy Plus“, редови без средно седиште. На негово место ќе се постави заедничка масичка, со што патниците ќе добијат повеќе простор и поголема удобност“, напиша Еуроњуз.

Во март беше најавено и воведување на концептот „удобен ред“ кој треба да биде достапен од 2027 година. Оваа опција ќе им овозможи на патниците во економската класа, во дел од пошироките авиони, редот со три седишта по полетувањето да го претворат во простор за одмор сличен на легло.

Празното седиште до себе е една од најчестите желби на патниците во економска класа. Поради тоа, повеќе авиокомпании веќе почнаа да нудат различни решенија за патниците кои сакаат поголема удобност. Виз ер и Ер Франс, веќе овозможуваат патниците да доплатат за празно соседно седиште или за закуп на целиот ред.

Новата понуда на компанијата беше претставена оваа недела. Замената на средното седиште со заедничка масичка ќе им обезбеди повеќе простор за рацете и телото на патниците кои седат до прозорецот и до преминот. Засега оваа понуда ќе биде достапна само во еден ред на 50 нови авиони „Airbus A321XLR“, со можност за проширување во иднина.

Продажба на билетите треба да започне кон крајот годинава. Првите летови со оваа понуда се очекуваат веднаш по тоа. Од „Јунајтед ерлајнс“очекуваат дека ќе бидат единствениот американски авиопревозник кој ќе понуди ваков тип седишта во економската класа.

Компании кои веќе имаат ваква понуда се Луфтханза и Финаир.

Ad
Ad