Општини
МЗШВ: Исплатени над две милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители
Реализирана е исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители, директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година, пишува во денешното соопштение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ова рекордна исплата на средства претставува силна поддршка и признание на трудот на тутунарите.
Тутунот останува една од стратешките земјоделски култури во државата, која има значајна улога во македонската економија.
Министерството ќе продолжи со креирање и спроведување на мерки кои ќе обезбедуваат одржлив развој во земјоделството.
јуни 16, 2026

