Хроника
Кривична пријава за професор од средно училиште во Кичево физички нападнал малолетна ученичка која се здобила со телесни повреди
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против професор од средно училиште во Кичево, кој физички нападнал малолетна ученичка која се здобила со телесни повреди – соопшти Министерството за внатрешни работи.
-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка во училиштето, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево – посочуваат од МВР.
јуни 6, 2026

