Connect with us

Хроника

Кривична пријава за лице од Пласница поради оштетување прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднела кривична пријава против А.Л.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11.11.2025 година на булеварот Ослободување во Кичево, пријавениот бил затекнат како оштетува прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој потекнува од 1917 година.

Возот, согласно известување од Националната установа музеј „Западна Македонија во НОБ“ од Кичево, е музејски предмет со историска вредност. 

Ad
Ad