Култура
Во македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе одржи концерт групата „Баклава“
Во Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе одржи концерт групата Балкава, една од најпознатите и најатрактивни музички формации, што го негува како македонскиот, така и фолклорот скоро на сите народи во регионот и оттука се здобива со статус на одлично прифатена и популарна музичка група, ширум државите од целиот наш регион.
Посебна популарност стекнуваат со обработка на традиционални македонски теми што ќе доминираат на вечерашниов концерт во Белград.
На концертот во Белград,тие ќе настапат во состав Елена Христова (вокал), Владимир Стојчевски (бас гитара), Влатко Пате (перкусии), Хилми Баки (виолина), Анел Селим (кларинет) и Дени Крстев (инженер на звук), а нив пред белградската публика ќе ги претстави дирекорот на КИЦ Белград Васко Шутаров.
Групата има пет музички изданија, претежно авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови.
Баклава имаат настапувано во Унгарија, Хрватска, Данска, Шпанија, Франција, Германија, Чешка, Белгија, Романија, Турција, Италија, Словенија, Грција, а во Белград каде настапуваат со солистички концерт вечерва, последниот настап го имале како предгрупа на концертот на Билјана Крстиќ во Сава Центар.
јуни 2, 2026
