Connect with us

Вести

Мицкоски за предлогот на СДСМ: Партијата која го смени Кривичниот законик за да застарат дела, сега нуди борба против корупцијата

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во врска со најавите на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за нов закон за борба против корупцијата, со кој, како што посочуваат, ќе се врати довербата во правосудството, рече дека станува збор за истите луѓе кои, кога биле на власт, ги направиле измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи застарување дела и избегнување одговорност.

– Пред неколку недели, кога првпат ја слушнав оваа иницијатива, мислев дека станува збор за нешто што би можело да се прочита во рубриката „Верувале или не“. Затоа се воздржав од коментар и почекав извесно време. Но, гледам дека тие сериозно ја промовираат оваа идеја и очигледно навистина веруваат во неа. Кои се тие луѓе, тоа се луѓето или дечињата на принцопт на криминалот, кои за да се амнестира себе си и криминалот, што го правеше, заедно со нив, неговите дечиња, кои сега си инсталираше во СДСМ, го смени Кривичниот законик и од него избвриша неколку члена со кои што практично се амнестираше целокупниот криминал, што го правеа како Влада – рече Мицкоски.

И, денес, без никаква задршка, додаде тој, десетина дена ја малтретираат македонската јавност дека токму тие ќе бидат носители на борбата против корупцијата.

– Искрено, тешко ми е да се изначудам на тоа што го слушам. Но главна работа што ги вознемири е што во последно време станав многу чувстувителен и тоа го артикулираат дека јас практично со моите чувства нарачувам обвинителски истраги и се исплашија од сето тоа и побрзаа сега да се претстават како жртва на некаков политички прогон. Не треба да се плашат затоа што во оваа држава со оваа Влада изминативе две години владеат законите, Уставот и ако се навистина безгрешни како што велат тогаш не треба да се плашат од каков било судски процеси, но не верувам и имам чувство дека не е така – рече премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање по отварањето на новиот базен „Карпош“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1